Најмалку 39 лица се убиени, од кои најголем дел деца, во напад извршен од страна на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.
Во нападот е погоден училишен автобус во северниот дел на Јемен, изјави официјален претставник на здравствените работници.
Повеќето од убиените се деца под 15-годишна возраст, изјави Јусеф ал-Хадри, портпарол на Министерството за здравство, кое е под контрола на бунтовниците Хути. Тој додаде дека 43 други се повредени.
Жителите изјавија дека автобусот пренесувал ученици кои се упатиле во летна школа кога бил извршен нападот на пазар во градот Дахјан во провинцијата Сада, која е упориште на бунтовниците.