Планирани биле други атентати во Европа, мрежата оди до Балканот

Од документите до кои дошле новинарите се дознава дека терористите, по атентатите во Париз и Брисел во 2015 и 2016, планирале други напади на европско тло, и дека нивната мрежа се протега од Португалија до Балканот.

210

Белгиските дневни весници, ДХ и ХЛН, со колеги од Шпанија, Германија и Португалија, објавуваат нови сознанија на западни разузнавачки служби за други планирани атентати во Европа.

Од документите до кои дошле новинарите се дознава дека терористите, по атентатите во Париз и Брисел во 2015 и 2016, планирале други напади на европско тло, и дека нивната мрежа се протега од Португалија до Балканот.

Разузнавачките служби успеале да спречат неколку планирани терористички атентати во Франција и Германија.

Истрагата на службите, која е сѐ уште во тек, открива дека Мароканецот Хишам Ел Ханафи, кој живеел како бездомник во Франција, посредувал помеѓу нарачателите терористите и ги регрутирал.

Од разговорите на Ел Ханафи службите дознале дека Бубакер Ел Хаким бил неговиот главен клиент. 35-годишниот Ел Хаким е поранешен џихадистички борец кој стигнал до високи функции во Исламската Држава и се смета за главниот „мозок“ зад атентатите во Брисел и Париз. ЕЛ Хаким е убиен на 26 ноември 2016 со дрон во Рака, Сирија.

Западните служби сметале дека „итно мора да биде неутрализиран“ бидејќи неговата мрежа вп Европа била многу широка и многу опасна, пишуваат медиумите кои ги имале на увид документите на службите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...