Аргентинскиот Сенат гласаше против абортус

Aргентинскиот Сенат отфрли нацрт-закон за легализирање абортуси до 14-та недела од бременоста.

58

Аргентинскиот Сенат отфрли нацрт-закон за легализирање абортуси до 14-та недела од бременоста.

По дебата, 38 сенатори гласаа „против“, а 31 „за“. Пратениците можат повторно да го предложат законот за една година.

Абортус е нелегален во Аргентина, освен по случаи на силување или кога бременоста е опасна по живот.

Демонстрации од приврзаници, но и од оние кои се противат на законот, се одржаа пред парламентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...