Епл: Нашите уреди не ги прислушуваат корисниците

53
Во писмо адресирано до републиканскиот претставник на Орегон,  Грег Волден, Епл експлицитно потврди дека нивните уреди не снимаат никаков звук без знаење и дозвола на корисникот, само следат гласовни команди како „Еј, Сири!“
Исто така „Сири“ не споделува никаков говор од корисниците, а што се однесува до други апликации, тие прво треба да побараат дозвола и второ, треба јасно да индицираат дека го слушаат и снимаат вашиот глас.
Писмото е испратено како одговор на барање од страна на Волден и негови истомисленици кон извршните директори на Епл и Гугл (Алфабет) – Тим Кук и Лери Пејџ, поради гласините дека смартфоните можат тајно да снимаат говор на луѓе кои се наоѓаат во опсегот на нивните микрофони.
Републиканците се задоволни од кооперативноста на двете компании и претстои да ги анализираат нивните одговори, како и да размислат пред да соопштат кои се нивните следни мерки.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...