Анџелина Џоли: Бред Пит не плаќа редовно алиментација

- Заклучно со денеска, Пит нема платено значителна финансиска помош за децата од разводот - стои во документите што ги поднесе адвокатката на Џоли.

202

Анџелина Џоли го обвини поранешниот сопруг Бред Пит дека не плаќа доволно финансиска поддршка за децата, како најнова етапа во нивната долга бракоразводна постапка.

Адвокатката на 43-годишната актерка и режисерка вчера поднесе документи во кои тврдат дека 54-годишниот актер не плаќал „значителна“ алиментација за децата во изминативе 18 месеци.

– Заклучно со денеска, Пит нема платено значителна финансиска помош за децата од разводот – стои во документите што ги поднесе адвокатката на Џоли, Саманта Блеј Деџин.

Џоли вели дека нејзиниот поранешен сопруг не си ги исполнил неформално договорените финансиски обврски и мора да си ги побара парите по судски пат.

Во документите исто така се бара разводот за да се финализира годинава, од што може да се заклучи дека на Џоли ѝ се брза да го стави бракот зад себе.

Инаку се проценува дека Џоли има богатство од 160 милиони долари.

Таа поднесе барање за развод во септември 2916.

Џоли и Пит имаат шест деца заедно: Медокс (16), Пакс (14), Захара (13), Шајло (12) и 10-годишните близнаци Вивиен и Нокс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...