Пијани словенечки полицајци и дозволиле на малолетничка да вози „марица“

198

Тројца словенечки полицајци се суспендирани, бидејќи на малолетната пријателка на едниот од нив и дозволиле да вози полициско комбе, иако таа немала возачка дозвола, а при тоа сите пиеле алкохол.

Како што соопштија од полициската управа во Крањ, каде инцидентот се случил, полицајците во доцните ноќни часови ја повозиле малолетничката со „марицата“, а потоа и дозволиле и таа да ја вози.

Полицајците се на возраст од 30 и 25 години, а третиот бил приправник на 20-годишна возраст и негова била идејата да ја повози малолетната пријателка.

Против тројцата е покрената дисциплинска постапка, а им се закануваaт откази и можни кривични пријави.

Доколку биде покренато обвинение и бидат осудени за несовесно однесување за време на службата, можат да добијат од парична казна до три години затвор.

Полицијата наведува дека нивната суспензија треба да послужи како пример дека неодговорното однесување на полицајците е недопустиво.

Случајот го регистрирал и пријавил полицаец од внатрешната контрола, а девојката за време на распитот го признала целиот настан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...