Дикаприо со 22 години помладата девојка ужива на одмор во Италија

Двојката за дестинација го одбрала Капри, островот кој веќе со години важи за многу пожелна летна дестинација меѓу богатите и славните.

1377

Холивудскиот актер и оскаровец Леонадро Дикаприо и неговата 21-годишна девојка, манекенка и актерка Камила Мороне уживаат во одморот во Италија.

Двојката за дестинација го одбрала Капри, островот кој веќе со години важи за многу пожелна летна дестинација меѓу богатите и славните.

Папараците ги уловиле додека тие нуркаа во една од пештерите близу Нерано.

Убавата Камила Мороне се родила во 1997 година, истата година кога славниот холивудски заводник го снимил хит филмот „Титаник“.

На 21-годишната манекенка од Аргентина во моментот ѝ завидуваат сите обожавателки на Дикаприо.

Нејзината мајка, аргентинската актерка Лусила Сола, е во врска со легендарниот актер Ал Пачино.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...