Британската полиција предупреди дека една остра разделба со ЕУ може општеството да го изложи на ризик.
Асоцијацијата на полициски комесари денеска преку писмо предупреди дека напуштањето на ЕУ без постигнат договор за идните односи ќе значи „значително губење на оперативниот капацитет”, бидејќи британската полиција веднаш ќе го загуби пристапот до прекуграничните истражни овластувања и бази на податоци.
Од Асоцијацијата, чии членови се службеници одговорни за работата на полицијата во Англија и Велс, изјавија дека тие се загрижени поради зголемувањето на заканите за напад од страна на странски државјани во Велика Британија.
Тензиите се зголемуваат, додека Велика Британија се обидува да постигне договор до октомври, за да може да биде одобрен од сите држави членки на ЕУ, пред државата да ја напушти Унијата на 29 март следната година.