Скандалозно откритие: Сојузниците на САД во Јемен соработувале со Ал Каеда

Коалициските сили кои се поддржани од САД всушност, според истрагата на медиумот, постигнале тајни договори со борци од Ал Каеда со плаќаање на поединци да напуштат градови од клучна важност.

150

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во Јемен во изминатите две години се фали дека со своите воени победи ја протерале Ал Каеда од свои упоришта, но истрага на американската агенција АП укажува дека многу воени победи се постигнати без испукан куршум, со тајни договори, пренесува Ал Џезира..

Коалициските сили кои се поддржани од САД всушност, според истрагата на медиумот, постигнале тајни договори со борци од Ал Каеда со плаќаање на поединци да напуштат градови од клучна важност, додека на други им дозволиле повлекување, не одземајќи им го ниту оружјето, ниту опремата.

Според агенцијата, стотици припадници на Ал Каеда се регрутирани во редовите на коалициските сили. Како што пренесе Танјуг, борци на Ал Каеда, користејќи договори и компромиси со коалициски сили успеале да продолжат да се борат, но тоа предизвикало ризици да се засили една од наопасните терористички групи во светот. САД биле известени за тајните догорои, но не одобриле напади со дронови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...