Поранешниот албански претседател, Бујар Нишани, смета дека е неприфатлив ставот на косовскиот претседател Хашим Тачи за корекција на границите и размена на територии со Србија,бидејќи „Косово e албански Ерусалим“.
Според него „Косово не е само прашање на Косово“ туку секој Албанец каде и да живее е заинтересиран за косовското прашање.
-Косово не е само прашање на една држава, туку главна колона за националната безбедност за Албанците. Во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Прешевската Долина и каде и да живеат ширум светот.Не случајно низ вековите,востанијата за слобода на Албанците почнувале токму од Косово.Затоа, Косово е албански Ерусалим, смета Нишани.
Во низата реакции околу изјавата на Тачи, се вклучи и поранешнииот шеф на албанската дипломатија, Едмонд Хаџинасто, актуелен пратеник од редовите на Движењето за социјалистичка интеграција.
За него идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија е едно „архаично мислење“
-Една ваква идеаја е утопија, но и многу опасна. Сметам дека прихранувањето на еден ваков концепт, на размена на територии, е архаично, антиевропско и антинационално мислење -смета Хаџинасто.
ФОТО: Твитер