Во Германија ќе се следат децата на џихадистите

106

Шефот на германската Служба за заштита на уставниот поредок Ханс-Георг Масен денеска предупреди дека децата на џихадистите претставуваат потенцијална опасност за германското општество.

Тој истакна дека постојат идникации дека „малолетниците и младите луица побрзо и порано се радикализираат, како и дека е се поголема веројатноста тоа да се случи“.

Во анализата на Службата за државна безбедност се истакнува дека децата на исламистите „од раѓање се воспитуваат со екстремистичка слика за светот што го легитимира насилството врз другите и ги омаловажува сите кои не припаѓаат на нивната група“.

Во Германија старосната граница за лица кои смеат да бидат надгледувани е 16 година, а сега демохристијаните се залагаат границата да се намали на 14 години. Исклучок е сојузната покраина Баварија, каде е дозволено следење и на млади од 14 години.

– Социјализацијата на деца во исламистичко семејно опкружување е загрижувачко и затоа за Службата за заштита на уставниот поредок тоа ќе биде предизвик во следните години – посочи Масен.

Тој уште во декември предупреди на опасноста од жените и децата на борците од Исламистичка држава кои се враќаат од Сирија или Ирак. Според извештај на Службата од 2017 година во Германија имало 300 такви деца.

– Опасноста потекнува и од семејствата кои не патувале во воените зони туку континуирано претстојувале во Германија – посочи Масен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...