Извозот бележи раст од 26,5 отсто

Најмногу се извезувало катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, делови на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица.

60

Извозот на стоки од Македонија во првите шест месеци од годината бележи раст од 26,5 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на извезената стока за периодот јануари-јуни 2018 година изнесува 3,3 милијарди американски долари.

Вредноста на увезената стока во првото полугодие изнесува 4,4 милијарди долари и бележи раст од 24 отсто.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2018 година, е 1,1 милијарда долари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 74,9 отсто.

Најмногу се извезувало катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, делови на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...