Потешко се лаже на странски јазик

Во многу ситуации, исказите на луѓе кои не зборуваат на мајчин јазик може да изгледаат помалку веродостојно иако можеби се вистинити.

91

Научниците од Одделот за психологија и експериментална клиничка психологија на Универзитетот во Вирцбург дојдоа до заклучок кој може да биде важен за процеси во кои се проценува веродостојноста на сведочењето на луѓето, на пример, при доделување азил.

Во многу ситуации, исказите на луѓе кои не зборуваат на мајчин јазик може да изгледаат помалку веродостојно иако можеби се вистинити. Ова откритие, исто така, објаснува друг феномен, а тоа е дека луѓето кои комуницираат на странски јазик се сметаат за помалку доверливи, иако тоа често не е оправдано.

Кристина Сухоцки, истражувач во Одделот за психологија на Универзитетот во Вирцбург, го наведува како позадина на студијата фактот дека „во нашиот глобализиран свет, комуникациите се повеќе се одвиваат на други јазици кои не се најчин на соговорниците.”.

Постојат многу ситуации кои ги поттикнуваат луѓето да лажат. Тоа се, на пример, бизнис преговори во кои еден бизнис партнер сака да ги убеди останатите за придобивките на нивниот производ или полициската истрага во кој осомничениот се обидува да ја убеди полицијата во неговата невиност.

Досега, форензичките истражување се фокусираа главно на перцепција на доверливост на луѓето кои зборуваат на мајчин или немајчин јазик. Студијата покажа дека изјавите на мајчин јазик се проценуваат како поверојатни во споредба со изјавите на немајчин јазик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...