Властите во Венецуела уапсија 11 новинари по атентатот врз претседателот Николас Мадуро, соопшти Националниот синдикат на работници во печатот.
– Единаесет новинари и соработници во медиумите беа неосновано приведени, а уште неколку беа претепани или ограбени. Не прифаќаме слични активности и инсистираме одговорните за ова прекршување на правото на информации да бидат казнети – се вели во соопштението на синдикатот.
Меѓу затворениците има соработници на венецуелските, шпанските и аргентинските медиуми.
Венецуелскиот министер за внатрешни работи, Нестор Раверл, вчера објави дека шестмина осомничени биле уапсени за обидот за атентат врз шефот на државата.
ФОТО: Твитер
Whoa. The dystopian future we should be worried about happening real time—killer drone strike against Venezuelan Pres Maduro. pic.twitter.com/P4f2TlEKxy
— ian bremmer (@ianbremmer) August 4, 2018