Медведев: Влезот на Грузија во НАТО може да предизвика страшен конфликт

- Тоа може да предизвика ужасен конфликт. Не разбирам зошто е тоа потребно - изјави Медведев за Радио Комерсант.

157

Рускиот премиер Дмитриј Медведев оцени дека влезот на Грузија во НАТО може да предизвика катастрофални последици.

– Тоа може да предизвика ужасен конфликт. Не разбирам зошто е тоа потребно – изјави Медведев за Радио Комерсант.

Премиерот истакна дека вооружениот конфликт меѓу Грузија и Јужна Осетија, кој се случи во 2008 година и во кој учествуваше Русија, можешеда се спречи.

– Немаше потреба – рече Медведев.

На 12 јули, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја потврди намерата на организацијата да ја прими Грузија во Алијансата, не нагласувајќи точно кога тоа може да се случи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...