Одново се зголеми бројот на загинати од пожарите во Атика

На две седмици по катастрофалните пожари во источниот дел на областа Атика, бројот на жртвите се зголеми на 91 лице.

130

На две седмици по катастрофалните пожари во источниот дел на областа Атика, бројот на жртвите се зголеми на 91 лице, откако утрово, 95-годишна жена им подлегна на повредите во болница во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Според последното соопштение од грчката противпожарна служба од пред 3 дена, во Дирекцијата за криминални истраги на грчката полиција биле идентификувани 81 лице и постојат 2 неидентификувани тела со достапна ДНК, но кои никој до сега не ги побарал.

Во грчките болници во изминатите речиси 2 седмици по катастрофалниот пожар, на повредите им подлегнаа осум лица.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во атинските болници се лекуваат 36 повредени лица, од кои 6 се во сериозна состојба, додека пак хоспитализирано е и едно дете, но е вон животна опасност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...