Потпишан договор за примирје во Јужен Судан

- Како лидер на Јужен Судан апелирам до сите овој договор да означи крај на војната и судирите во нашата држава - изјави претседателот Кир.

55

Претседателот на Јужен Судан Салва Кир и лидерот на главната бунтовничка група во државата, Рик Мачар синоќа потпишаа конечен прекин на огнот и договор за поделба на власта.

– Како лидер на Јужен Судан апелирам до сите овој договор да означи крај на војната и судирите во нашата држава – изјави претседателот Кир.

Јужен Судан е независен од Судан од 2011 година, но по две години изби граѓанска војна меѓу владата на Кир и бунтовничко движење на чело со Мачар. Во судирите загинаа десетици илјади луѓе, и речиси една четвртина од 12 милиони жители се раселени. Претходниоте мировни договори беа почитувани само неколку месеци, по што судирите продолжуваа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...