САД негираат вмешаност во експлозиајта со дрон во Венецуела

101

Висок претставник на Белата куќа негираше американска вмешаност во вчерашната експлзоија со дрон за време на говор пред армијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

– Можам да кажам дека САД и Владата на никаков начин не се вмешани во тоа – изјави Џон Болтон, советник на американскиот претседател за национална безбедност.

Болтон додаде дека самата влада на Мадуро можеби е одговорна за експлозијата.

– Ако Владата на Венецуела има добра информација, може да ни ја достави да ја разгледаме, изјави тој за Фокс њуз. Мадуро не беше повреден во експлозијата, а одговорност презеде малку позната група наречена Национално движење на војници во маици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...