Во Грција сменети началниците на полицијата и на противпожарната служба

91

Во Грција денеска се сменети началници на полициските сили и на пожарникарски бригади по кобните пожари на Атика во кои загинаа најмалку 90 луѓе.

Функциите на тие две служби ги преземаат нивните заменици, соопштија од Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас.

Во соопштението минатонеделниот пожар во Мати не се споменува директно.

Под притисок на јавноста во петокот оставка поднесе министерот за јавен ред Никос Тоскас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...