Најбогатите во кинескиот конгрес заедно имаат 650 милијарди долари

1404

Вкупното богатство на делегатите од претходната година изнесувало 3,5 трилиони долари

Повеќе од 150 делегати, кои ќе учествуваат на овогодинешното заседание на кинескиот парламент, вкупно поседуваат имот вреден 650 милијарди долари.

Според податоците објавени од истражувачкиот институт Хурун пред утрешното заседание на Националниот народен конгрес, Конгресот и неговото советодавно тело имаат дури 152 богати делегати, од кој секој поседува имот вреден најмалку 2 милијарди јуани, односно 31 милион долар, што е помал број богати делегати отколку во 2017 година, кога имаше 209, но вредноста на нивниот заеднички имот е поголема во споредба со вкупното богатство на минатогодишните делегати.

Хурун открил дека вкупното богатство на делегатите од претходната година изнесувало 3,5 трилиони долари

 

Под мандатот на претседателот Си Џинпинг, кинеските комунистички  лидери покренаа маратонска кампања против корупцијата, во чиј фокус се богатите бизнисмени, а тоа ги разбуди стравови во поглед на политичката судбина на кинеската елита.

Кинескиот парламент утре почнува заседание со учество на 3.000 делегати, а овогодинешното заседание ќе биде во сенка на ненадејната одлука на Комунистичката владејачката партија да објави план за ограничување на избор на претседател на два мандата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...