Руската армија тврди дека бунтовниците во Источна Гута им забраниле јавни собири на цивилите.
Ескалацијата на насилство и бомбардирањето на предградието на Дамаск, Источна Гута е неприфатливо, соопштија денеска Обединети нации.
– Наместо прекин на огнот, гледаме повеќе судири и смрт. Вакво колективно казнување на цивили едноставно е неприфатливо – изјави хуманитарниот координатор на ОН, Панос Мумцис.
Во воздушните и копнените напади од 18 февруари во Источна Гута загинаа повеќе од 600 лица, а околу 2.000 се повредени.
Претходно, беше објавено дека цивилите го напуштаат предградието на Дамаск, Источна Гута по влезот на сириската армија, но екстремистите воведоа полициски час и се обидуваат да ги спречат граѓаните да заминат од подрачјето преку хуманитарниот коридор.
Руската армија тврди дека бунтовниците во Источна Гута им забраниле јавни собири на цивилите.
Во меѓувреме блокиран е и хуманитарниот конвој на Обединети нации, кој требаше да обезбеди помош за населението во Источна Гута. Околу 40 камиони требаше да достават помош за 400.000 лица, но до сега стигнала помош само за околу 7.200 луѓе.