На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица синоќа се одржаа 24. Музички средби на лица со телесен инвалидитет на Македонија.
На манифестацијата учествуваа 12 пејачи. Според жири-комисијата, првото место и припадна на Јованка Атанасова од Велес, која ја исполни песната „Море сокол пие“. Второпласиран беше Трајче Лазаров од Кавадарци, а трет – Петре Јованов од радовишкото село Подареш.
Музичките средби ги организира Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија „Мобилност“.
Манифестацијата се одржа во рамките на оф-програмата од годинашново издание на Струмица опен фестивал.