Српската војска ја подигнала борбена готовност поради тензиите на Косово

217
ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Армијата на Србија превентивно ја подигнала борбената готовност на целата територија поради тензиите на Косово, објави српскиот весник Новости.

Откако вчера била одржана седница на Советот за национална безбедност, весникот наведува дека безбедносните служби ги засилиле своите активности за да се предупредат „плановите на властите во Приштина да се предизвикаат немири во Косово, но и дејствување на одделни кругови во Србија, кои со лажни вести внесуваат немир меѓу српското население северно и јужно од Ибар“.

Весникот се повикува на „безбедносни извори“ и според нив државниот врв разгледува мерки што ќе се преземат поради кршење на Бриселскиот договор и петгодишното одбивање на Албанците да исполнат обврски да формираат ЗСО.

Консултациите во српскиот државен врв уследиле по најновите превирања во Косово и разузнавачки информации според кои Албанците планираат да го „отсечат“ северот на Косово од централна Србија поради лажни најави дека српскиот народ еднострано ќе прогласи ЗСО. 

ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...