Меган Маркл денеска славеше роденден на туѓа венчавка и го украде вниманието

Нејзиниот роденден го честитаа и од официјалниот профил на кралското семејството на Твитер споделувајќи фотографија од Меган Маркл и кралицата Елизабета II.

1611

Годината која ја остава зад себе, Меган Маркл ќе има по што да ја памети, а веројатно и претстојната 37-ма година од нејзиниот живот.

Таа денеска го прослави својот роденден кој за неа е прв откако е дел од кралското семејство. Иако многумина би очекувале гламурозна забава, кралските правила го налагаат спротивното – роденденските забави да бидат достоинствени, скромни и во склоп на семејството.

Минатата година таа и принцот Хари го прославија роденденот во Африка, а годинава на венчавката на најдобриот пријател на Хари, Чарли.

Меган се појави држејќи го за рака нејзиниот сопруг и го украде целото внимание на венчавката, пишуваат британските медиуми. Како што објавија, војвотката облекла темно сина комбинација без ракави.

Нејзиниот роденден го честитаа и од официјалниот профил на кралското семејството на Твитер споделувајќи фотографија од Меган Маркл и кралицата Елизабета II.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...