Столот во кој Кенеди ги пречекуваше светските лидери продаден на аукција

Неговите пенкала, меѓу кои и перото со кое го потпишал историскиот договор за нуклеарното наоружување, продадени се за 60.000 долари.

110

Голем број на лични предмети на поранешниот американски претседател Џон Кенери се продадени на аукција во сојузната држава Масачусетс, а меѓу нив се најдоа и неговиот стол за нишање, како и 15-тина пенкала.

Столот кој Кенеди на кој Кенери седел на средбите со светските лидери во Белата куќа е продаден за 50.000 долари.

Неговите пенкала, меѓу кои и перото со кое го потпишал историскиот договор за нуклеарното наоружување, продадени се за 60.000 долари.

На аукција се најдоа бројни предмети на некогашниот претседател на САД кој бее убиен во атентат на 22 ноември 1963 година, но некои од нив не се продадоа. Организаторите на аукцијата посочија дека понуди може да се даваат сѐ уште.

Меѓу таквите се и цртеж кој Кенеди го нацртал непосредно пред убиството, како и рачно пишувани белешки за Виетнам од 1953-та, неговиот отворач за писма, кристалниот пепелник…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...