Горештините го стопија највисокиот врв во Шведска

293

Глечерот на шведската планина Кебнекаисе толку се стопи на летните температури, што веќе не е највисокиот врв во таа земја.

Во јули, овој врв изгуби четири метри снег.

– Овој глечер е симбол на сите глечери во светот. Целата околина се топи, снегот се топи и влијае на целиот екосистем: растенија, животни, клима, сѐ – изјави професор по географија на Универзитетот во Стокхолм.

Кабнекаисе е популарна туристичка дестинација во северниот дел на Шведска и се состои од северен и јужен врв.

Кон почетокот на неделата, јужниот врв се издигаше на 2.097 метри, што значи беше повисок  само 20 сантиметри од севернио.

Во Шведска, во јули се регистрирани рекордно високи температури.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...