Дефицит во ПИОМ, суфицит во ФЗОМ

249

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) во првата половина од годината има остварено дефицит од 469 милиони  денари, покажува Полугодишниот извештај за извршувањето на Буџетот на РМ за периоодт јануари-јуни годинава.

До јуни годинава биле остварени приходи од 33.453 милиони денари, 49,2 проценти во однос на планираните за годинава, а на расходите изнесувале 33.922 милиона денари или 49,9 проценти од годишниот план.

Од вкупните приходи, 18.115 милиони денари се по основ на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување (48,6 проценти од годишниот план), 14.640 милиони денари се трансфери од Основниот буџет, 637 милиони денари се приходи од акцизи, а останатите 61  милион денари се други приходи на Фондот.

– Во делот на расходите на Фондот за ПИОМ, трошоците за пензии се реализирани во износ од 26.792 милиони денари или 49,6 проценти од предвидените за 2018 година. Исплатата на пензиите се одвива во
согласност со предвидената динамика за 2018 година, покажува Извештајот.

Трансферите од Фондот за ПИОМ до приватните 14 пензиски фондови изнесуваат 3.330 милиони денари, а придонесите за здравствено осигурување за  пензионери до Фондот за здравствено осигурување се
исплатени во износ од 3.575 милиони денари.

Наспротио Фондот за ПИОМ, заклучно со јуни година, Фондот за здравствено осигурување остварил суфицит од 205  милиони  денари,  со приходи  од  14.739  милиони  денари,  или 51,3 проценти од годишниот план и извршени расходи од 14.534 милиони денари, односно 50,5 проценти од планираните за 2018 година.

Во првите шест месециод од годинава  остварени се приходи од придонеси за здравствено осигурување од 7.716 милиони денари или 48,8 проценти од годишниот план. Придонесите за здравствено осигурување  на пензионери уплатени од Фондот за ПИОМ изнесуваат  3.575 милиони денари, а придонесите за здравствено осигурување уплатени од Агенција за вработување на РМ се 55 милиони денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...