Гори национален парк во Германија

185

Германски пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот што од синоќа беснее во националниот парк „Саксонска Швајцарија“.

Облаци од чад се издигаат над регионот, кој се наоѓа до реката Елба во источната германска покраина Саксонија, каде е и познатиот Бастеи мост.

Властите соопштија дека пожарот опфатил неколку тешко достапни места, а на пожарникарите во гаснењето им помагаат планински спасувачи и планинари.

Засега не е позната причината за избувнувањето на пожарот. Огнот зафати околу 4.000 метри квадратни метри, но нема опасност за блиското планинско село Ратен, а нема информации ни за жртви.

Во последните недели, Германија и другите делови на Европа, беа погодени од високи температури, а големи пожари избувнаа и во Грција и Шведска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...