Љајиќ: Приштина попушти за царините под притсок на регионот

Само преку слободен проток на луѓе, стоки и услуги може да се дојде до создавање на заеднички економски простор на Западен Балкан, што е во апсолутен интерес на сите страни во ЦЕФТА, изјави Љајиќ

79

Српскиот министер за тровија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ денеска изјави дека Приштина ги укина царините на 14 земјоделски производи, како резултат на „притисокот и на одлучната реакција на Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и на Црна Гора“, кои минатата недела на министерскиот состанок во Белград „заеднички се спротивставија на оваа и на секоја друга бариера во трговијата“.

Љајиќ посочи дека четирите земји ќе продолжат да инсистираат на укинувањето на преостанатите царински и вонцарински бариери кои Приштина од порано ги има воведено.

– Само преку слободен проток на луѓе, стоки и услуги може да се дојде до создавање на заеднички економски простор на Западен Балкан, што е во апсолутен интерес на сите страни во ЦЕФТА, бидејќи ја зголемува конкурентноста на нашите стопанства и отвара можности за нови инвестиции во регионот- изјави Љајиќ.

Тој потсети дека на сила сѐ уште се бариерите на Приштина за брашното и на термо блоковите од Србија, млекото и млечните производи од БиХ и пивото од Црна Гора.

Љајиќ посочи и дека најновата најава од Приштина и од Тирана за бришење на границата е во целосна спротивност со принципите на регионалната соработка и на понатамошните економски интеграции на Западен Балкан.

– Таквите, еднострани постапки, пред се, се вовед во реализацијата на големодржавен проект, отколку што се потстрек кон јакнење на стопанските и на трговските врски во регионот – констатираше Љајиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...