Внимание: Облогите за детските креветчиња можат да ги убијат децата

Ризикот од удар со глава во креветската оградичка не е толку голем колку што е ризикот од гушење, се наведува во истражувањето кое во заклучокот дава препорака сосема да се забрани нивната продажба.

492

Истражувањето спроведено на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон покажало дека во периодот помеѓу 1985. и 2012.година, во Америка имало 48 случаи на смрт на новороденчиња поврзани со облогите за детските креветчиња. Освен тоа, облогите за креветчиња речиси предизвикале гушење или давење на 146 бебиња.

„Облогите за детските креветчиња ги убиваат децата“, изјавил др. Бредли Т. Тах., еден од авторите на истражувањето.

„Облогите се многу поопасни отколку што мислевме. Случаите на смрт на новороденчиња кои ги проучувавме можеа да бидат спречени ако креветчињата беа празни“.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...