Албанската полиција ја финализираше акцијата насловена „база“ откривајќи во Тирана објект со оружје и муниција, од каде се снабдувале криминални групи и поединци.
Во акцијата запленети се три автоматски пушки модел 56, две поуавтоматски пушки, три парчиња расклопени снајпери, боева муниција од различен калибар и други видови огнено и ладно оружје.
Уапсено е лицето Рамазан А. (64 ) жител на Тирана, кој и претходно бил осудуван за „недозволено производство и поседување оружје и боева муниција“.
Неговиот дом бил претворен во магацин за станбдување со оружје и муниција на криминални групи и поединци за вршење криминални активности.
Пред судот во Тирана тој ќе одговара за кривично дело по две основи „поседување оружје и муниција без довола“, како и „производство и поседување ладно оружје без дозвола“.
Во немирите пролетта во 1997 година од воените магацини албанските граѓани однесоа над 700 парчиња разновидно оружје и над 1,5 милиони куршуми. Дел од него потоа беше шверцувано во соседните земји, најмногу во Косово, но и во Македонија, беа спроведени акции за доброволно предавање на оружјето, но сепак дел се уште е во рацете на албанските граѓани.