Бенон: Балканот би можел да добие многу поважно место

Стив Бенон додаде дека Балканот ќе стане важно место на светската сцена, каде во новото геостратешко опкружување, Кина, Иран и Турција формираат некој вид сојуз.

182

Стив Бенон, поранешниот стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, кој е најзаслужен за неговата победа на претседателските избори, тврди дека Балканот во новото геостратешко опкружување би можел да добие многу поважно место на светската сцена.

– Европа е многу важна за претседателот Трамп и очигледно многу важна за САД, бидејќи вие сте мајка-цивилизација од која настана новиот свет – посочи популистот Бенон во интервју за Радио телевизија Република Српска (РТРС).

Тој додаде дека Балканот ќе стане важно место на светската сцена, каде во новото геостратешко опкружување, Кина, Иран и Турција формираат некој вид сојуз.

Бенон посочи и дека смета оти Студената војна не е завршена.

– Мислам дека е многу важно тоа што се случи во Хелсинки, тоа е позитивно. Понудата на Путин да го посети Вашингтон исто така е позитивна, по што Путин го покани претседателот Трамп во Русија. Мислам дека на таков начин треба да се комуницира. Либералите во нашата земја и прогресивните луѓе секогаш сакаат да разговараат. Од тоа произлезе Дејтонскиот мировен договор – наведе Бенон.

Тој во интервјуто за РТРС се осврна и на Џорџ Сорос, оценувајќи оти тој е „татко на целото зло“, кој со американски пари се обидува да го смени изгледот на Европа.

– Формира невладини организации кои се поврзани со левичарските медиуми со цел да бидат опозиција на популистичките и националистичките партии ширум Европа. Мислам дека Џорџ Сорос шири многу негативно влијание во светот, Мислам дека направи многу за да и наштети на Европа и оти целата работа со мигрантите, отворените граници, што навистина им наштети на некои земји доведе до реакција во Унгарија, во Австрија и во Италија. Сето тоа доаѓа од иницијативата што ја покрена Сорос – посочи Бенон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...