Град Скопје ќе помогне при транспортот на 70-тина слики подарени на Атина

Изложбата би била крајот на август или почетокот на септември, а донацијата ќе биде испратена кон крајот на септември или почетокот на октомври.

612

Македонските уметници донираа околу 70 дела, во рамки на иницијативата „Донирај уметност“ на графичкиот дизајнер и активист Зоран Кардула.

Иницијативата започна како израз на солидарност на градот Скопје со настраданите во пожарот кој го зафати предградието на Атина, Атика на 24 јули, а во кој загинаа 91 жител.

– Во името на иницијативата „Донирај уметност“ сакам да ве информирам дека Град Скопје ни излезе во пресрет и ја прифати нашата колекција која и официјално ќе биде подарок од градот Скопје за градот Атина. Целосната логистика за испраќање на делата ја презеде Градот, како и можноста оваа колекција да биде претставена пред граѓаните преку изложба пред да биде испратена во Атина – соопшти Кардула преку неговиот профил на Фејсбук.

Изложбата би била крајот на август или почетокот на септември, а донацијата ќе биде испратена кон крајот на септември или почетокот на октомври.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...