Лех Валенса сака да се смири со непријателите пред да умре

501

Поранешниот полски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир, Лех Валенса, изјави дека сака да се смири со непријателите пред неговата смрт.

Тој тоа го напиша на Твитер, а се однесува на неговиот некогашен политички противник Јарослав Качински, кој е лидер на владејачката партија на Полска.

Седумдесет и четиригодишниот Валенса, кој има кардиоваскуларни проблеми, истакна дека и двајцата треба да очекуваат наскоро да заминат во вечноста и затоа сака да ги доведе во ред работите.

Валенса побара прошка од братот Качински за сите минати грешки. Поранешниот синдикалец и активист за човекови права опфати и една сложена тема, додавајќи дека ќе ја прости и најголемата навреда на Качински, а тоа е тврдењето дека Валенса бил доушник за време на комунизмот. Валенса го отфрла таквото обвинение. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...