Пожарот кој изби во северниот дел на Калифорнија уништи 1.018 куќи во Рединг и околината на тој американски град.
Калифорниската служба за шумарство и заштита од пожари соопшти дека во пожарот се уништени уште 440 објекти, вклучувајќи и амбари и складишта.
Шест лица загинаа, а околу 38 илјади беа принудени да ги напуштат домовите поради пожарот кој беснее повеќе од една недела во околината на Рединг.