Вицепремиеот за економски прашања Кочо Анѓушев побара да не се прават различни сценарија за негова поврзаност со некои од фирмите кои добија поддршка од државата во првиот и вториот столб од Планот за економски раст, откако беше запрашан дали фирмата „Алкалоид “ ад од Битола добила пари зашто нејзиниот сопственик Звонко Чичаковски е негов кум.
– Да не правиме сценографија од ваков убав настан на кој се презентира ваков транспарентен закон. Моите компании ги повлекоа апликациите и со тоа вашето прашање е одговорено -рече Анѓушев.
Тој одбегна да каже дали сопствникот на фирмата која добила пари од државата е негов кум, но рече дека процеост е транспарентен и дека компаниите аплицирале според законот за што немало потреба од посебен оглас.
-Компаниите ги имаат мејловите во Централниот регистар и секоја од нив по поднесувањето на завршната сметка добила информација. Во услови на развој на технологиите ние немаме потреба поединечно да им се јавуваме на фирмите – рече Анѓушев.