Акцијата е еден од најпопуларните филмски жанрови. Адреналинот и опасноста со децении ја привлекуваат публиката, па „Бизнис Инсајдер“, според оценките на интернет страницата „Ротен Томејтос“ состави топ листа од 10 најдобри акциони филмови на сите времиња.
1. „Лоренс од Арабија“ (1962)
Оценки: Критичари: 98 отсто; Публика: 93 отсто
Критика: „Еден од најинтелигентните, најубави и највлијателни воени епови.” (Чикаго Ридер)
2. „Богатството на Сиера Мадре“ (1948)
Оценки: Критичари: 100 отсто; Публика: 93 отсто.
Критика: „Ликовите се истражени и темелно обработени, не психоаналитички, туку низ човечките судири, дејствувањето, потезите и изразите на лицата.” (Варајети)
3. „Седум самураи“ (1954)
Оценки: Критичари: 100 отсто; Публика: 97 отсто.
Критика: „Епските сцени со коњаницата и самураите се уште се ненадминати.” (Тајм аут)
4. „Возач“ (2017)
Оценки: Критичари: 93 отсто; Публика: 86 отсто.
Критика: „Ова е сензација на Едгар Рајт, од почетокот до крајот. Филмот изобилува со моќни автомобилски улични трки, а Ансел Елгорт стана ѕвезда. Има најдобра песна на годината, а во кино нема никогаш да се забавувате како со овој филм.” (Ролинг Стоун)
5. „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ (2015)
Оценки: Критичари: 93 отсто; Публика: 87 отсто.
Критика: „Овој филм означува почеток на еден од најважните проекти на нашето време – потполно бришење на втората трилогија на серијалот од културната колективна меморија.” (Атлантик)
6. Кинг Конг (1933)
Критичари: 98 отсто; Публика: 86 отсто.
Критика: „’Кинг Конг’ е производ на многу живописни мечти.” (Њујорк Дејли Њуз)
7. „Логан“ (2017)
Оценки: Критичари: 93 отсто; Публика: 90 отсто.
Критика: „Филмовите со суперхерои станаа здодевни откога станаа популарни, но „Логан3 нуди бегство од тоа, обновувајќи го човечкиот елемент во овие блокбастери, па го враќа чувството што го предизвикуваат филмовите на Клинт Иствуд од 1970-те.” (Њујорк Пост)
8. „Жената чудо“ (2017)
Оценки: Критичари: 92 отсто; Публика: 88 отсто.
Критика: „Ова не е само триумф за жените, туку сеопшт триумф. Ова е прилично забавен филм со возбудлива акција, добар хумор, романтична нишка, како и неверојатната Гал Гадот во главната улога.“ (Њуздеј)
9. „Метрополис“ (1927)
Оценки: Критичари: 99 отсто; Публика: 92 отсто.
Критика: „Мал број филмови во минатото биле вака визуално возбудливи.” (Чикаго Сан Тајмс)
10. „Лудиот Макс: Пат на бесот“ (2015)
Оценки: Критичари: 97 отсто; Публика: 85 отсто
Критика: „Неверојатно е како „Лудиот Макс“ може во крајност да стане „благ“. Филмот се развива во таква нежност, и во најсликовитата акциска екстраваганција последниве неколку години. Ќе ви ја врати вербата во филмовите.” (Бостон Глоб).