Со горештините напаѓаат и змиите: Што смеете, а што не смеете да преземете

Отровните змии имаат еден до два шупливи заби врзани со една ќесичка полна со отров. Тој отров го лачи една жлезда поврзана со ќесичката.

370

Змиите ги напаѓаат луѓето само од страв, и само и единствено доколку ги згазнете. Змиите се многу опасни и во сезоната на парење или додека негуваат младенче, но и тогаш, ако се повлечете без нагли движења, нема да нападне. Доколку змијата се згазне таа инстиктивно ќе се сврти и ќе ве гризне за ногата. Отровните змии во брзина тешко се разликуваат од неотровните, но основно е тоа дека отровниците имаат изразито триаголна глава (кај неотровните таа е повеќе јајцевидна) и мошне стеснат врат, додека кај неотровните тоа не е случај.

На нашите подрачја живеат неколку видови змии, од кои три се отровни – поскок, шарка и остроглава шарка додека останатите се безопасни. Овие три отровници се помалку отровни од африканските или азиските змии, како што се кобрата или црната мамба, па нивниот загриз ретко кога е смртоносен. Поскокот е поотровен од останатите.

Отровните змии имаат еден до два шупливи заби врзани со една ќесичка полна со отров. Тој отров го лачи една жлезда поврзана со ќесичката. Штом змијата ќе ги зарие своите заби во месото на жртвата, од ќесичката се излачува извесна количина отров во раната.

Во змискиот отров, постојат, всушност, два видови отров. Едниот дејствува разорно на нервниот систем, него топлината не го уништува, другиот дејствува на крвта и крвавењето.

Постојат луѓе кои се отпорни на змијскиот отров (имунитет). Некои со таа отпорност се раѓаат, а другите ја стекнуваат со гризнувањето на змијата со поблаг отров или со давањето на серум против убод од змијата.

Клиничка слика
На местото на убодот се гледаат две мали убодни рани кои не крвават. Набрзо на тоа место настанува црвен прстен кои станува син, односно раната помодрува и се јавува оток. Нешто подоцна на тој дел од телото се јавува вкочанетост. Кога еднаш ќе влезе во крвта, отровот се разнесува по целото тело. Лицето кое е отруено чувствува и слабост и се јавуваат треска, трепет, вртоглавица, пулсот му се забрзува, а дишењето станува се потешко, се јавува бледост, може да настане делумно или целосно откажување на бубрезите. Крвта може да престане да се згрутчува, гризнатата личност често повраќа и има проливи, ја губи свеста.

Подоцна се јавуваат грчеви и целосна нечувствителност (кома). Делириумот, збунетоста и конвулзиите го најавуваат интракранијалното крвавење кое е најчесто непосредна причина за смртта.

Ако не се реагира благовремено, настапува парализа на центарот за дишење, а кратко потоа и срцето престанува да работи.
За развојот на симптомите, многу е важно местото на убодот. Најопасните гризнување од змија се оние на главата или вратот, или ако змијата го вбризгала отровот директно во крвниот сад.

Прва помош
Не паничете, бидејќи има доволно време (и повеќе часови) да се стаса до лекарот. Не постои општа согласност во врска со лекувањето. Сите се сложуваат дека е неопходно апсолутно мирување, бидејќи со движењето се забрзува циркулацијата на крвта и апсорпцијата на отровот. Поедини лекари не препорачуваат да се преврзе местото над убодот, се забранува ставање мраз поради засилена некроза (умирање на ткивото), се забранува инцизија (засек) на раната и исцицување на содржината. Се препорачува имобилизација и итен транспорт во устанува во која лицето може да прими антиотров.

Повеќето лекари имаат речиси спротивно мислење и ги предложуваат следните постапки: гризнатиот екстремитет да се подврза, умерено да се стегне со подврска непосредно над местото на убодот, и да се имобилизира. Повремено (3-5 минути) да се попушта подврската, бидејќи крвта мора да циркулира и низ отруениот дел на телото, односно од вените кон срцето. На самото место на убодот да се направат два вкрстени резови (буквата Х) во длабочина од 3-4 мм, и да се остави раната да искрвави. На тој начин со крвта ќе излезе и поголемиот дел од отровот. Никако не се препорачува исцицување (шмукање) на раната со устата, бидејќи и најмалата раничка на устата или во усната празнина, како и расипаниот заб, е доволно да се отруе и оној кој се обидува да помогне. Резовите се прават со ножеви, жилет или со друг остар предмет чиешто сечило е изгорено на пламен или избришано со алкохол. Трето што треба да се направи кај гризнување од змија е тоа што на раната треба да се стави интензивен раствор на хиперманган и, ако има можност за тоа, секаде околу раната да се вбризга еднопроцентен раствор на хиперманган. На гризнатото лице да му се даваат што повеќе течности, но никако алкохол. Потоа, треба да се пренесе до најблиската медицинска установи каде што ќе прими серум против змиски убод.

Лекување
Колку што порано да се даде серумот антивиперинум (интравенски или интрамускуларно), по протоколот со тестирање на пречувствителност. Серумот антивиперинум е делотворен против полуотровните и отровните змии кои се појавуваат во Европа.
На децата со алергиски болести или реакции, кога ќе се добијат податоците во личната семејна анамнеза, пожелно е да им се даде серумот антивиперинум во болнички услови, интрамускуларно и со претпазливост.

Треба да се земе микробиолошки брис на раната, а потоа да се исплакне со антисептичко средство.

Во сите случаи, потребно е да се провери и да се спроведе антитетанусна заштита и да се дадат антибиотици кои ја покриваат грам-негативната и анаеробната флора која доминира во устата на змијата.

Потребно е да се елиминира болката со давање аналгетици. Кај изразената хемолиза треба да се даде трансфузија со концентрирани еритроцити, а кај дисеминованата интраваскуларна коагулација – плазма. Потребно е да се одржува диурезата и да се спречи или лекува шокот. Хируршкото лекување е потребно кога ќе се јави некроза на ткивото. Во случај на голем оток кој ја нарушува артериската циркулација на екстремитетите индикувана е итна фасциотомија.

Имобилизација е постапка со која повредениот дел од телото се става во состојба на мирување. Во рамките на прва помош се спроведува привремена (транспортна) имобилизација. Нејзината цел е да спречи влошувањето на повредата и да се намали болката за време на пренесувањето на повредениот до болницата. Во состојба на мирување се става гризнатиот дел од раката или ногата и двата соседни зглобови. Ногата се имобилизира во испружена положба (повредениот мора да лежи), а раката треба да биде свиткана во лакотот и доближена до телото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...