Ќе штрајкуваат пилотите на „Рајан Ер“

Персоналот протестира против лошите услови за работа во компанијата и бара од „Рајан Ер“ да ги применува националните законодавства, наместо ирското, како што е случај сега.

62

Пилотите на нискобуџетната компанија „Рајан Ер“ во Белгија, Германија, Шведска и Холандија најавија штрајк од 10 август, кон кој се очекува да се придружат и нивните колеги во Португалија.

Персоналот протестира против лошите услови за работа во компанијата и бара од „Рајан Ер“ да ги применува националните законодавства, наместо ирското, како што е случај сега. Ирското законодавство нуди пониска заштита за работниците отколку голем број други европски земји, порачуваат синдикатите.

По штрајковите на ирските пилоти, компанијата се закани со отпуштања и дислокација во Полска, што дополнително ги разгневи синдикатите.

Пилотите од другите европски земји ќе штрајкуваат во знак на солидарност со колегите во Ирска, барајќи поништување на одлуките за дислокација и отпуштањата на ирските пилоти и започнување на вистински социјален дијалог во компанијата.

„Ги повикуваме исто така националните и европските власти да преземат одговорност и да ги осудат практиките на Рајан Ер“, соопшти белгискиот синдикат ЦНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...