„Теленор“ има чешки сопственик

Преземени се компаниите на Теленор во Србија, Унгарија, Бугарија и Црна Гора, кои имаа повеќе од девет милиони корисници и околу 3.500 вработени.

236

Чешката инвестициска група ППФ соопшти дека го завршила преземањето на телекомуникациските компании на Теленор во земјите од централноисточна Европа по цена од 2,8 милијарди евра.

Преземени се компаниите на Теленор во Србија, Унгарија, Бугарија и Црна Гора, кои имаа повеќе од девет милиони корисници и околу 3.500 вработени.

„Ова е најголемо преземање во телекомуникацискиот сектор во централноисточна Европа од 2011 година“, наведува групата ППФ.

Групата ППФ инвестира во повеќе различни области, како што се банкарски и финансиски услуги, телекомуникации, биотехнологија, осигурување, недвижности и земјоделство. Работи во Европа, САД и Азија, а групата поседува имот во вредност од 38 милијарди евра.

Теленор е водечки провајдер на телекомуникациски услуги и услуги за мобилна телефонија во Скандинавија, централноисточна Европа и Азија, со годишен промет од 13 милијарди евра и 178 милиони корисници.

Компанијата е активна во центарлноисточна Европа 25 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...