Уште 1.600 стечајци ќе добиваат паричен надоместок

Со Законот ќе бидат опфатени вкупно 7.840 лица од оваа категорија граѓани, а до овој момент 6.240 се материјално обезбедени.

178

Уште 1.600 стечајци ќе добијат материјално обезбедување со најновите законски измени што поминаа вчера на владина седница.

Како што соопшти денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, опфатени со Законот ќе бидат вкупно 7.840 лица од оваа категорија граѓани, а до овој момент 6.240 се материјално обезбедени.

– Во два наврата донесовме Закон за конечно решавање на децениските проблеми на стечајците. Со вчерашната одлука на Владата се овозможува дополнително обезбедување на 1.600 невработени лица од оваа категорија наши сограѓани. Тие со децении имаат проблем да се социјализираат по она што се случи во минатото. Конечната бројка на стечајни работници што ќе бидат згрижени ќе изнесува 7.840- нагласи Бошњаковски.

Во врска со владината одлука за комунална депонија во општина Кичево за која АД ЕЛЕМ треба да обезбеди место, Бошњаковски потенцира дека ова е само времено решение.

– Станува збор за времено решение. Општина Кичево се соочува со сериозни проблеми од аспект на депонија. Владата вчера го задолжи АД ЕЛЕМ да обезбеди место за времено складирање на комуналниот отпад на една од локациите на ископот на термоелектричната централа Осломеј Кичево. Ова е времено решение, Владата секогаш излегува во пресрет кога општините имаат одредени специфични проблеми – објасни портпаролот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...