Фејсбук отстрани кампања со политичко влијание на платформата пред избори во САД

Фејсбук вчера соопшти дека идентификувал кампања за политичко влијание која потенцијално била создадена за да ги наруши изборите.

51

Американската министерка за внатрешна безбедност Кирстјен Нилсен го поздрави Фејсбук затоа што презеде акција за да прекине кампања со политичко влијание на платформата, што, како што оцени, покажува дека компанијата сериозно ја сфаќа безбедноста на претстојните избори.

– Ова е многу добра вест затоа што покажува дека Фејсбук тоа го сфаќа многу сериозно, така што би требало да се пофалат за она што го направија денеска. Тоа исто така покажува дека заканата е многу реална и Американците тоа мора да го знаат, рече Нилсен во интервју за Фокс њуз.

Таа исто така тврди дека Русија и другите земји „апсолутно се обидуваат да ги изманипулираат“ САД.

Изборите за американскиот Конгрес ќе се одржат во ноември оваа година.

Фејсбук вчера соопшти дека идентификувал кампања за политичко влијание која потенцијално била создадена за да ги наруши изборите, при што компанијата открила и отстранила 32 страници и лажни профили кои се занимавале со активност околу социјалните проблеми кои предизвикуваат поделба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...