Двајца мажи признаа дека украле мала ајкула од Аквариумот на Сан Антонио, Тексас, така што ја замотале во ќебе и ја изнеле со бебешка количка, соопшти локалната полиција.
„Мис Хелен”, 40 сантиметри долга сива ајкула од видот „Порт Џексон“, беше вратена во Аквариумот вчера, два дена по „киднапирањето”, коешто беше снимено од безбедносната камера. Полицијата ја нашла ајкулата во домот на еден од крадците, во специјално подготвен аквариум во неговата гаража.
„’Ајкуло-киднапирањето’: Неуспешно!”, објави градскиот Аквариум на својата Фејсбук страница.
Шефот на локалната полиција Џозеф Салваџо изјави дека властите се во контакт со Националната агенција за океански и атмосферски надзор, за да се востанови дали против киднаперите може да се покрене федерална тужба.
ФОТО: Твитер
Shark returned to San Antonio Aquarium after surveillance video shows the animal being scooped up from its tank and stuffed into a stroller. https://t.co/j3if9m9EQs pic.twitter.com/4xf8rNUDtb
— ABC News (@ABC) July 31, 2018