Актерката Линзи Лохан ги шиканира нејзините вработени

660

Актерката Линзи Лохан предизвика остри критики кај нејзините следбеници на социјалните мрежи, откако им се закани со отказ на две хостеси затоа што носеа различни чевли.

Таа неодамна отвори луксузно одморалиште на грчкиот остров Родос, а поседува и ноќен клуб на Миконос.

Проблематичната актерка внимава на секој детаљ и важи за строг работодавач, a тоа го покажа со критиките за хостесите кои позираа во исти фустани, но со различни чевли.

– Каде ви се истите чевли? Поправете го тоа, инаку ќе добиете отказ, напиша 32-годишната актерка под фотографијата.

Но, ова покрена лавина од критики кај нејзините следбеници, а некои помислија дека таа само се шегува.

– Кажи ми дека се шегуваш, напиша еден од нив, а Лохан кратко му одговори „Смртно сериозна!“.

Лохан освен што ќе се занимава со хотелиерскиот бизнис, во одмаралиштето ќе снима и реално шоу кое ќе се емитува на Ем-Ти-Ви следната година.

Таа беше една од најнадежните млади актерки, но шест пати се пријавуваше на рехабилитација меѓу 2007 и 2013 година, додека истовремено беше затворана заради поседување дрога и возење во пијана состојба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...