БМВ ќе гради фабрика во Унгарија вредна една милијарда евра

171

Германскиот производител на автомобили БМВ соопшти дека ќе гради фабрика во источна Унгарија, во која ќе се произведуваат до 150.000 конвенционални и електрични возила годишно.

Компанијата соопшти денеска дека изградбата на таква фабрика во близина на градот Дебрецен ќе чини околу милијарда евра, а со тоа ќе се обезбедатр повеќе од илјада работни места.

БМВ соопшти дека од вкупната продажба, реиси 45 отсто возила се продадени во Европа во 2017 година, односно 1,1 милиони возила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...