Шварценегер и Лено со тенк од 50 тони минаа преку луксузна лимузина (ВИДЕО)

Лимузината немала никакви шанси против тенкот од 50 тони со кој управувал легендарниот „Терминатор“.

246

Лимузината немала никакви шанси против тенкот од 50 тони со кој управувал легендарниот „Терминатор“.

Арнолд Шварценегер повторно е во центарот на вниманието, а со новата снимка потсетил на деновите кога уништувал работи додека снимал акциони филмови. Имено, легендарниот Терминатор за потребите на емисијата „Garage Thursday“ со водителот Џеј Лено седнал во неговиот тенк марка „M-47 Patton“ од 1951 година, а потоа со ова воено возило минал преку луксузната лимузина. И секако, ја уништил целосно.

Арнолд во емисијата објаснил дека неговиот тенк е истиот што го користел додека служел војска во Австрија во далечната 1965. година. За ова воено возило да се пренесе од Австрија во Америка, Шварценегер во 1991. година платил 20.000 долари.

Инаку, тенкот е тежок 50 тони.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...