Концерт на Филхармонија со Џијан Емин и Хуан Аткинс во Охрид

118

Македонската филхармонија под диригентската палка на Џијан Емин и американскиот музичар и диџеј Хуан Аткинс на 2 август во 22 часот во Античкиот театар во Охрид ќе одржат концерт на електронска и класична музика.

Диригентот Емин денеска на прес-конференција во Македонската филхармонија рече дека досегашната соработка што ја имаат со Аткинс ветува дека ќе направат вистински музички спектакл.

– Имаме многу убав проект. Се надевам дека сите што ќе дојдат на концертот ќе уживаат во она што ќе го слушнат – додаде Емин.

Светски познатиот креатор на електронска музика, Аткинс рече дека додека имале проба го слушнал музичкиот аспект на тоа што тој го компонирал пред 20 години со електронски инструменти и кога слушнал како оркестарот на Филхармонијата тоа го свири му се насолзиле очите.

– Успеав да го променам тоа што е најбитно во музиката и да го преточам во ноти за да можат музичарите да го отсвират – додаде Аткинс.

Директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески, рече дека на публиката ќе и дадат едно ново концертно уживање во Охрид.

На прес-конференцијата беше истакнато дека по завршувањето на концертот, на плажата Парк во Охрид ќе настапи диџеј Џеф Милс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...