Актерката Милена Дравиќ ексклузивно за „Глорија“ раскажала за својот живот, богатата кариера и прерано заминатиот сопруг Драган Николиќ.
Неодамна била гостинка на Фестивалот во Пула, каде била поздравена со овации од 15 минути.
– Бидејќи сум во тешка ситуација по заминувањето на мојот Драган и поради мојата болест, мене тоа многу ме погоди. Сите посакаа барем да ме допрат, можеби не да се фотографираат, но да ми покажат поддршка. Сфатив дека не сум отфрлена. Слично беше и кога ја примав наградата Добричин прстен, моравме да го одложиме врачувањето, бидејќи не ми беше добро. Колегите ми се јавуваа, ме бодреа „го можеш ти тоа“… И тој ден кога ја примив наградата никогаш нема да го заборавам. Меѓутоа, тој момент РТС не го снимаше. Постои извештај за врачувањето, но не и снимка од самото доделување. Тоа беше удар за мене. Не сметам дека сум најдобра, но знам колку вредам и не сум го заслужила тоа – рекла Милена.
Насмевката на лицето и ја враќаат убавите зборови на колегите, почитувачите на нејзиниот труд…
– Мојот живот сега е во рацете на Господ, но ми значи кога ќе видам дека некој го памти моето работење, дека ми посакува закрепнување. Кога ќе слушнам убави зборови, како што се оние на Мира Бањац која рече дека сум единствената автентична актерка, повторно ја чувствувам љубовта и ми се враќа насмевката на лицето – рекла легендарната актерка.
Историчарите и теоретирачите за филмови велат дека остварила повеќе од 160 филмски и телевизиски улоги, а актерката духовито одговорила.
„Им верувам! Никогаш не сум ги броела. Секогаш ми било најважно да сум задоволна одвнатре, со улогата којашто сум ја одиграла, а кога ќе дојдат наградите и пофалбите, тоа на глумците им подарува самодоверба, која им е потребна, бидејќи се кревки.“
ФОТО: Твитер