После 20 години нови детали за смртта на принцезата Дајана: На нејзиното тело немаше воопшто крв

605

Поминаа 20 години од трагичната смрт на принцезата Дајана во сообраќајната несреќа во Париз. Во своето прво интервју, пожарникарот кој се обиде да го спаси нејзиниот живот, откри непознати детали во врска со нејзината смрт.

Ксавијер Гурмелон, кој 22 години работел во противпожарната служба, одлучи да проговори за смртта на принцезата Дијана за британскиот магазин „Сан“, бидејќи како што вели, сега е во пензија.

Тој се потсетил дека на неговата екипа им биле потребни три минути до тунелот Pont de l’Alma каде се случи и несреќата. Неговиот тим од 10 членови излегол на терен и веднаш се фатиле за работа, за побрзо да утврдат на кој му е потребна помош и кој сè уште е жив.

Тие не знаеле дека во автомобилот е принцезата Дијана.

Како што се сеќава Гурмелон, кога пристигнал до мерцедесот, жената во автомобилот го запрашала: „О, Боже, што се случи?“.

На нејзиното десно рамо забележал мала повреда, а покрај тоа рекол дека на неа немало воопшто крв.

– Жената за која дознав дека е принцезата Дијана беше падната долу на задното седиште. Се движеше многу бавно и можев да забележам дека сè уште е жива – рекол Гурмелон за магазинот.

„Ѝ го масирав срцето и по неколку секунди повторно почна да дише“, рекол тој.

За него, во тој момент било големо олеснување, бидејќи неговата работа е да спасува луѓе.


„Искрено сметав дека ќе преживее. Колку што знаев, беше во болница и беше жива, јас сметав дека ќе преживее. Меѓутоа, подоцна дознав дека починала во болницата“, рекол пожарникарот.

– Цела таа епизода ќе ми биде секогаш во мислите. Сеќавањето на таа ноќ засекогаш ќе остане во мене – рекол Ксавијер во своето прво интервју.

Тој за првпат проговорил за принцезата, бидејќи додека бил на должност не му било дозволено да зборува за тој настан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...