Древен саркофаг со шишиња парфем и накит пронајден во Германија

Во римски саркофаг од третиот век, откриен во сегашна западна Германија, покрај скелет на жена, пронајдени се и шишиња со мирисни супстанции, шминка, накит, украсни игли, огледало со сребрена рамка.

115

Во римски саркофаг од третиот век, откриен во сегашна западна Германија, покрај скелет на жена, пронајдени се и шишиња со мирисни супстанции, шминка, накит, украсни игли, огледало со сребрена рамка, како и нож со ликот на митскиот херој Херкул, соопшти Музејот за уметност и историја во Бон.

Гробницата со маса од 4,5 тони е откриена меѓу градовите Трир и Келн.

Археолозите го објавиле своето откритие лани, за прво да го истражат целото подрачје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...